Никола Јокиќ е една од главните ѕвезди на прошталниот натпревар на Горан Драгиќ во Љубљана, а уште еднаш покажа дека се наоѓа во фантастично расположение кое го држи од Олимписките во Париз.
Србинот ги постигна првите шест поени за својот тим, а еден од кошевите беше особено атрактивен и ги крена на нозе присутните во Стожице.
Во контранапад, Јокиќ сам себеси си направи асистенција, одбивајќи ја топката од табла по што ја заби во обрачот, потег каков не направил никогаш во кариерата.


