Екипата на Чаир привршува со составувањето на тимот за новата сезона, а викендов го официјализираше договорот со уште еден домашен играч.
Станува збор за 22-годишниот Љубиша Димитровски, довчерашен играч на локалниот ривал на Чаир, Шкупи и поранешен младински репрезентативец на Македонија. Димитровски како јуниор настапуваше во Вардар, Феникс и МЗТ Скопје, а со тимот од Аеродром во 2019 година стана У18 шампион на Македонија по драматичното финале против Водно Санс кое беше решено по две продолженија и со тројка во последната секунда, реализирана од Виктор Исајлоски.
Во сениорска конкуренција настапуваше Академија ФМП и Работнички, а минатата сезона ја помина во Шкупи на кого му помогна да се врати по елитата, по пауза од пет години. Чаир ги почнаа подготовките за новата сезона, а до нејзиниот старт планираат да ангажираат уште еден странски кошаркар.


