Откако во текот на викендот го договори Љупчо Малинков за нов тренер на тимот, Гостивар го почна склопувањето на тимот за претстојната сезона.
Во екипата останува поранешниот младински репрезентативец Максим Митевски кој и трета сезона по ред ќе ги брани боите на гостиварци. Минатата натпреварувачка кампања, 24-годишниот кошаркар одигра 18 натпревари за Гостивар, со ефект од 10,4 поени и 4,8 скока.
Тој е прв играч од ланскиот состав кој ја продолжи верноста кон Гостивар откако си заминаа сите странци, Тома Стојаноски се пресели во ТФТ, а Војче Лефкоски во Маџари.


