Легендарниот српски кошаркар Предраг Даниловиќ денеска поднесе оставка на позицијата претседател на Кошаркарскиот сојуз на Србија со што го потврди она што го најави по Олимписките игри во Париз.
Оставката стапува на сила од 1 октомври 2024 година, односно два месеца пред официјалниот крај на мандатот на Даниловиќ. Поради тоа што ова е негов втор мандат, според Статутот нема право да се кандидира за трет, а одлучи да се повлече за да ја забрза процедурата за избор на негов наследник со оглед на тоа што пред српските репрезентации е исклучително важен период.
Утринава срспките медиуми објавија дека кандидати за наследник на Даниловиќ се Жарко Зечевиќ и Небојша Човиќ.


