Претседателот на ЦСКА, Андреј Ватутин со најубави комплименти го пречека новиот играч на неговиот тим Алекса Аврамовиќ.
По три години во Партизан, српскиот репрезентативец се пресели во Москва, а малку недостасуваше да замине во НБА од каде постоеше интерес по Олимписките игри во Париз. За тоа е свесен и самиот Ватутин.
„Веројатно ако на Алекса му беше поголема минутажата на мечот меѓу Србија и САД на Олимписките игри, сега тој ќе имаше договор со некој НБА тим. Имавме список на кандидати за негова замена, но сето тоа беше интерно бидејќи верувавме дека, сепак, ќе заврши кај нас. Сигурен сум дека нема да зажали за својот избор“, изјави Ватутин.
Аврамовиќ првпат ќе игра во ЦСКА, но тоа нема да биде негово прво интернационално искуство бидејќи пред да дојде во Партизан, беше член на Варезе од Италија и Уникаха и Естудијантес во Шпанија.


