На нешто повеќе од еден месец пред почетокот на новата сезона во Евролигата, обложувалниците ги објавија коефициентите за освојувачот на титулата во елитното натпреварување.
Прв фаворит за пехарот е актуелниот шампион Панатинаикос кој го задржа костурот од претходната сезона и квотата на него изнесува 4,5. Зад него е вицепрвакот Реал Мадрид со 5, а потоа следуваат Олимпијакос со 6, Фенербахче со 8, Монако со 9, Барселона со 10 итн.
Интересно е тоа што според обложувалниците, Партизан повторно има шанси да заврши пред Црвена Звезда. Квотата на „црно-белите“ е 26 со што оваа екипа е деветти фаворит, додека Звезда е десетта со 29. Партизан заврши пред својот градски ривал и минатите две сезони со тоа што во 22/23 успеа да се пласира во плејофот од Евролигата, а минатата го освои 11. место.


