Екипата на ТФТ почна со пријателски натпревари во пресрет на новата сезона како прва од македонските прволигаши откако денеска се сретна со ПАОК во Солун.
Домаќинот беше подобар и славеше со 109-70, пред се благодарение на одличното второ полувреме кое го доби со 57-28. ТФТ се држеше во првиот дел, по првата четвртина имаше пет поени негатива (24-29), а на голем одмор замина со -10 (42-52), но во продолжение до израз дојде квалитетот на грчкиот прволигаш.
Дерин Говенс беше најдобар стрелец во тимот на ТФТ со 21 поен, Зафиров постигна 15, Гринли со 13, а Стојаноски 10. Утре од 12 часот по локално време, нашиот прволигаш ќе го одигра и вториот пријателски меч во Солун, а противник ќе биде тимот на Ираклис.


