Францускиот репрезентативец Гершон Јабуселе официјално ја заврши соработката со Реал Мадрид и претстојната сезона ќе игра во НБА.
Непосредно по Олимписките игри во Париз беше најавено дека искусниот крилен играч ќе се пресели во Филаделфија 76, но трансферот е реализиран откако се решени сите дилеми околу отштетата, со оглед на тоа што Јабуселе беше под договор со Реал за идната сезона.
Јабуселе дојде во Реал во 2021 година од Асвел и за трите сезони во мадридскиот клуб освои вкупно седум трофеи, вклучувајќи еден во Евролигата.


