Екипата на ТФТ го заврши дводневниот престој во Солун со победа во вториот пријателски натпревар.
Откако вчера убедливо загуби од ПАОК, ТФТ денеска го совлада Ираклис со 79-74. За грчкиот тим настапија српските интернационалци Игор Кесар и Никола Малешевиќ кои во минатото настапуваа во Македонија.
ТФТ беше без американскиот кошаркар Дерин Говенс кој вчера беше најефикасен, а кој денеска доби одмор. Во негово отсуство, најефикасен беше Гринли со 20 поени, Николов постигна 15, а Гафни 13.


