Суперѕвездата на Голден Стејт, Стеф Кари го продолжи договорот со својот тим на уште една сезона, до 2027 година и за неа ќе заработи 62,6 милиони долари.
Со тоа, тој ќе ја премине границата од 500 милиони долари за плати низ кариерата и ќе стане трет кошаркар во историјата кому му успеало тоа. Пред него, магичната границата ја поминале само Леброн Џејмс и Кевин Дурант, но во блиска иднина, поради новиот колективен договор, тоа ќе го направат уште многу кошаркари, меѓу кои и Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
Заедно со последната година од договорот, Кари ќе го помине и Дурант и ќе достигне вкупна сума од 536 милиони долари, па пред него ќе остане само Леброн Џејмс со 583 милиони, но со шест години повеќе во НБА лигата.


