Речиси сите македонски кошаркарски клубови, а особено оние кои немаат помош од општините, со душа ја чекаат исплатата на ваучерите за 2024 година со цел да го испланираат буџетот за сезоната која е на прагот.
Добри вести на таа тема стигнаа денеска лично од министерот за спорт Борко Ристовски кој на прес-конференција соопшти дека парите ќе бидат исплатени најдоцна до крајот на септември. Со оглед на тоа што за тој период е планиран почетокот на новата сезона, клубовите ќе можат да тргнат и по засилувања, но и да ги подмират долговите од минатото.
Единствената измена ќе биде тоа што во иднина, системот на финансирање на спортските клубови од државата нема да се нарекува „ваучерски“, туку ќе добие ново име за што Ристовски ќе информира дополнително.


