Откако успеа да го задржи костурот кој минатата сезона ги освои титулите во грчкото првенство и Евролигата, Панатинаикос донесе големо засилување за новата натпреварувачка кампања.
Нов член на „детелинките“ е турскиот репрезентативец Омер Јурцевен кој во Атина доаѓа од НБА лигата, односно од тимот на Јута Џез каде играше минатата сезона. Станува збор за исклучително интересен играч кој на 15 години дебитираше за првиот тим на Фенербахче, две години подоцна играше и во Евролигата, но во 2016 одлучи да замине на колеџ и четири сезони настапуваше во НЦАА и покрај тоа што имаше загарантирано место во Фенер.
Во НБА влезе во 2021 година каде член на Мајами, за две сезони одигра вкупно 65 натпревари, за лани да се пресели во Јута. Во турската јавност не е омилен затоа што одби да игра за својата репрезентација на претходниот Еуробаскет.
Тренер во Панатинаикос ќе му биде селекторот на турската селекција Ергин Атаман кој и инсистираше да му биде донесен Јурцевен, па грчкиот гигант ќе биде одлично покриен на сите позиции во новата сезона и сигурно ќе биде прв фаворит за титулата во Евролигата.


