Генералниот секретар на ФИБА, Андреас Заглис и неговиот колега од секторот задолжен за националните федерации, Михал Конечни, денес остварија работна посета во канцелариите на Кошаркарската Федерација на Македонија.
Заглис повторно се сретна со претседателот на Федерацијата, Перо Антиќ, Генералниот Секретар Владимир Георгиевски и со спортскиот директор Марјан Србиноски.
Генералниот секретар на ФИБА ја поздрави успешната организација на КФСМ на двете најголеми континентални младински првенства за ова лето. Се разговараше и за претстојните настани на националните А-селекции како и за новите проекти на КФСМ.


