По Мајлс Браун и Адам Сите, екипата на Феникс го договори и третото странско засилување за новата сезона.
Во Гази Баба доаѓа американскиот интернационалец Маркис Дејвис кој треба да ги покрие позициите 2 и 3, а во Феникс доаѓа од шампионатот на БиХ. Минатата сезона ја почнал во финскиот КТП, а ја завршил во Славија од Сараево при што во двата тима просечно постигнувал по околу 7 поени и 5 скока.
И покрај ангажманот на странските кошаркари, Феникс претстојната сезона ќе има исклучително млад тим и ќе се врати на старата филозофија – промоција на играчи од својата школа. Дел од нив летово се истакнаа во македонските младински селекции и ќе добијат поголема минутажа во Првата лига.


