По двонеделни подготовки, најтрофејниот македонски клуб Работнички денеска го одигра првиот тест натпревар во пресрет на новата сезона.
На домашен терен, скопскиот тим славеше со 83-81 во меч во кој водеше и со 16 поени разлика. Во драматичниот финиш, составот предводен од Горан Самарџиев успеа да ја сочува предноста и победнички да ги стартува подготовките.
Новите играчи Полутак и Персон со по 19 поени беа најефикасни во тимот на Работнички, Робев постигна 11, а Сикираш 10. Во противничкиот тим, кој е предводен од Дарко Радуловиќ, настапи и довчерашниот играч на Работнички, Роберт Рикиќ (12 поени).


