Како што информираше КОШ.МК минатата недела, на 6 и 7 септември во организација на ТФТ, ќе се одржи првиот меморијален турнир „Андреј Грковски“, во чест на прерано починатиот фан и пријател на клубот од Тафталиџе.
ТФТ ги прави последните подготовки за турнирот на кој ќе настапат уште скопските гиганти Работнички и МЗТ Скопје, како и поранешниот вицешампион на Македонија, Кожув. Официјалната ждрепка за турнирот ќе се одржи во вторник (03.09) во 20 часот, а директно ќе биде пренeсувана на социјалните мрежи на профилите на КК ТФТ .
Поранешниот освојувач на Купот на Македонија ги поканува сите љубители на кошарката да присуствуваат на овој настан. Домаќините најавуваат многу новини во мак баскетот и ветуваат добра забава и квалитетна кошарка за сите посетители.
Билети за натпреварите можат да се купат на влезот во салата и ќе чинат 100 денари. За сите сопственици на сезонски билети на ТФТ влезот ќе биде бесплатен, со тоа што сите посетители ќе може да донираат средства во посебна кутија за донации. Дел од средствата за билети ќе бидат наменети за семејството на Андреј Грковски. Водител на програмата на турнирот ќе биде – Никлеманија.
Термините за одигрување на натпреварите се:
Петок 06.09.
Полуфинале 1 18:00 ч.
Полуфинале 2 20:30 ч.
Сабота 07.09.
Натпревар за 3то место 16:30 ч.
Финале 19:00 ч.


