Денеска во просториите на Кошаркарската федерација беше извршена ждрепката за новата сезона во Првата лига мажи.
Во првото коло нема да има класично дерби иако претстојат неколку интересни дуели. Шампионот МЗТ Скопје ја почнува одбраната на титулата на домашен терен против повратникот во елитата Шкупи, а од останатите натпревари, најинтересно се очекува да биде на скопската пресметка меѓу Работнички и Феникс.
Дебитантот во Првата лига, МКК Куманово ќе му гостува на ТФТ во воведното коло, а вицешампионот Пелистер оди во Кавадарци, кај Тиквеш.
ДВОЈКИ ЗА 1. КОЛО
Тиквеш – Пелистер
Вардар – Гостивар
Работнички – Феникс
ТФТ – МКК Куманово
МЗТ Скопје – Шкупи
Чаир – Кожув


