Српскиот кошаркар Ален Смаилагиќ летово го напушти Партизан откако три години беше член на белградскиот клуб, но иако многумина мислеа дека тој е дел од реконструкцијата на тимот, причините за неговиот трансфер во Жалгирис се други.
Извесно стопанско друштво од Србија „Беко Баскетбол Котеж“ барало од него отштета од 525 илјади долари поради неговиот трансфер во Голден Стејт Вориорс. Друштво е формирано два месеца пред неговиот премин во НБА, но Смаилагиќ во Голден Стејт од Кошаркарскиот клуб Беко од Котеж. Постои сличност, но далеку од тоа дека станува збор за исти сибјекти. Смаилагиќ неодамна во интервју за литванскиот портал Баскет Њуз изјави дека во Србија се случуваат чудни работи, а потоа српските медиуми открија за што точно се работи.
„Друштвото со притисоци и закани се обидело да наплати 525 илјади долари за наводни обврски од договорот. Смаилагиќ никогаш не бил член на стопанското друштво ‘Беко Баскетбол Котеж’“, се вели, меѓу другото, во соопштението од правните застапници на кошаркарот.
Смаилагиќ летово потпиша договор со Жалгирис каде ќе ја продолжи кариерата откако со Партизан освои една титула во АБА лигата, во 2023 година.


