Претстојниот викенд Партизан треба да биде домаќин на мини-турнир за кој планот беше да се одржи на отворено, на Калемегдан, како лани против Фуенлабрада.
Сепак, денеска дојде до промена на планот поради временската прогноза за претстојната недела која не му е најповолна на организаторот. Место на Калемегдан, турнирот ќе се одржи на белградскиот Саем, во халата 3.
„Во согласност со временската прогноза, донесена е одлука Партизан да игра под сводовите на салата во која нашиот тим првпат настапи во 1967 година во Купот на победниците на куповите против турската екипа ИТУ. Дотогаш, домашните првенства се играа на отворени терени, а наведениот натпревар беше европска премира за Партизан во Белград. Нашиот тим се задржа на Саем до декември 1968 кога се пресели во Халата на спортови“, стои во соопштението на Партизан.
Капацитетот на објектот може да се прилагоди на околу 5.000 места во следните три дена, а конфигурацијата останува иста како предвидената на Калемегдан. Покрај Партизан, на турнирот ќе учествуваат уште Париз и АЕК. Тоа ќе биде и официјално претставување на тимот пред домашната публика, а Партизан ќе ги носи дресовите со кои ќе настапува во новата сезона.


