Веројатно предизвикан од шпекулациите за можното истапување од АБА, менаџментот на Морнар денеска одлучи да соопшти што се случува во клубот и ги смири своите навивачи со тоа што претстави дури шестмина нови кошаркари.
Боите на тимот од Бар ќе ги брани поранешниот репрезентативец на Србија, Илија Ѓоковиќ, а покрај него, за Морнар ќе играат уште Тревис Ели, Џамари Смит и Џејден Бедиако. Договори потпишаа и Алекса Чубиќ и Ловро Буљевиќ, а уште во јуни беа претставени Ловре Руњиќ и Брендан Џенкинс.
Ова значи дека паѓаат во вода информациите дека е можно Морнар да го откаже својот настап за претстојната сезона и дека, сепак, ќе продолжи да игра во регионалното натпреварување.


