Најголемото летно засилување на Реал, Усман Гаруба нема да биде во комбинација за настап за стартот на новата сезона што ќе биде голем хендикеп за актуелниот шпански првак.
Кошаркарот кој летово се врати од НБА во својот матичен клуб има повреда на стапалото на левата нога поради што ќе отсуствува меѓу шест и осум недели. Тоа значи дека нема да биде достапен за тренерот Чус Матео во Суперкупот на Шпанија кој е на програмата на 21 и 22 септември, а во чие полуфинале Реал се среќава со Баарселона, како и за стартот на новото првенство во АЦБ и во Евролигата.
Мадридскиот гигант сега сериозно ја разгледува можноста да ангажира привремена замена, а најсериозен кандидат да го облече белиот дрес е Џордан Мики кој и порано беше член на Реал.


