Српскиот репрезентативец Никола Милутинов најверојатно ќе го пропушти почетокот на новата сезона поради повреда на скочниот зглоб, доживеана на на тренинг во понеделникот.
Првите информации од Олимпијакос беа дека не се работи за ништо сериозно, но следните прегледи покажале дека Милутинов, сепак, ќе мора да паузира извесен период. Грчките медиуми денеска тврдат дека искусниот центар ќе биде во аут до ноември, но има шанси тоа да биде и подолго и во моментов се чека изјаснувањето на клупските доктори.
Тоа ги комплицира работите за Олимпијакос бидејќи Барцокас не може да смета ниту на Мустафа Фал, па останува само Филип Петрушев за кого сега има изгледи, сепак, да не се пресели во Црвена Звезда.


