На безмалку еден месец пред почетокот на новата сезона, екипата на ТФТ ја прекина соработката со американскиот интернационалец Мехи Лонг.
Прилина за тоа е тешка повреда, односно скинат менискус која крилниот играч ја доживеал за време на подготовките за претстојната сезона. Лонг паузира веќе две недели, не играше на турнирот „Андреј Грковски“, а не отпатува ни во Бугарија каде ТФТ овие два дена игра со Рилски спортист и Балкан. Место тоа, тој веќе замина за САД каде ќе го продолжи лекувањето.
Последното место за странски кошаркар во тимот најверојатно ќе ја пополни со Дерин Говенс кој одигра неколку натпревари за ТФТ во текот на подготовките, но официјален договор меѓу двете страни се уште нема.


