Екипата на Вардар продолжува со својата филозофија на промовирање млади кошаркари и во пресрет на новата сезона донесе уште две засилувања.
„Црвено-црниот“ дрес претстојната натпреварувачка кампања ќе го носат Христијан Настовски и Кристијан Столевски. Настовски има 20 години и доаѓа од вториот тим на МЗТ Скопје, додека Столевски (22 години) играше во Првата лига, во тимот на Охрид.
Идната недела се очекува Вардар да биде засилен и со двајца американски кошаркари кои треба да се приклучат на подготовките на тимот.


