Иако потпиша уште во јули, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ денеска беше претставен како нов играч на Олимпија Милано, заедно со останатите летни засилувања на актуелниот шампион на Италија.
Тој стана член на Олимпија по две години поминати во дресот на Уникс со кого освои една титула во ВТБ лигата и еднаш беше прогласен за МВП на сезоната.
„Играњето за овој клуб е остварување на сонот за мене. Ја следам Евролигата уште од дете и постојано замислував како играм во неа и покажувам што можам. Секогаш одам на победа и така ќе биде и во тимот на Олимпија“, рече Димитријевиќ на претставувањето.
Покрај него, италијанскиот шампион летово се засили со уште седуммина кошаркари: Фабиен Козер, Леандро Болмаро, Армони Брукс, Зек Ледеј, Усман Диоп, Дејвид Мекормак и Џош Нибо.


