Реал Мадрид вечерва одигра пријателски натпревар со Монако и славеше во 77-75 во најсериозна контрола пред почетокот на сезоната, а натпреварот го одбележа хрватскиот репрезентативец Марио Хезоња.
На средина од последната четвртина, тој беше незадоволен што не доби лична грешка и прво го опцу судијата за што му беше досудена техничка, а потоа тргна кон него и му се внесе в лице. Да не дојдеа останатите играчи на Реал да го тргнат, којзнае што можеше да се случи, вака Хезоња беше исклучен и замина во соблекувална.
На крајот Реал дојде до победата благодарение на кош на Габриел Дек со истекот на времето.


