Натпреварите од Суперкупот на Македонија кај мажите и жените и оваа година ќе бидат увертира на новата кошаркарска сезона.
Федерацијата ги објави термините за натпреварите кои веќе традиционално ќе се играат во Кале. Суперкупот, кој го носи името „Драган Василов Цевка“ ќе се игра на 28 септември, од 17 часот кај дамите ќе се сретнат Баскет Кам и МЗТ Скопје што е реприза од минатата година, а од 19:30 часот, МЗТ Скопје и Пелистер кај мажите. Битолчани првпат ќе имаат можност да учествуваат во Суперкупот, а со тоа и да се борат за првиот пехар во клупската историја.
Баскет Кам и МЗТ Скопје се бранители на трофеите и најуспешни екипи во ова натпреварување. Тимот од Македонска Каменица има два од вкупно три изданија во женска конккуренција, додека аеродромци се убедливо најдобри со шест пехари од кои пет во низа.


