Суперѕвездата на Феникс Санс, Кевин Дурант ја изненади цела кошаркарска јавност со својот избор на идеалната петорка во НБА лигата.
Според него, Никола Јокиќ не е најдобар центар во НБА, туку тоа е Жоел Ембид кого веројатно го избра затоа што му беше соиграч во американската репрезентација на Олимписките игри во Париз.
„На плејмејкер е Лука Дончиќ, потоа јас, Леброн, нандворешните позиции би го избрал Клеј Томпсон кој погодува по 6-7 тројки на натпревар и Ембид бидејќи подобро шутира тројки од Јокиќ“, избра Дурант.
Интересно е тоа што во неговиот тим нема место ни за Стеф Кари кој секако е подобар шутер од Томпсон.


