Грчкиот прволигаш АЕК направи мало изненадување на турнирот во Белград, совладувајќи го новиот член на Евролигата, Париз со 71-63.
Францускиот вицешампион се подготвува за своето деби во елитното европско натпреварување и во досегашниот дел од подготовките забележа неколку добри резултати, но денеска не успеа да го надигра тимот од Атина. По три четвртини игра АЕК имаше водство од 17 поени разлика, но во последните десет минути Париз успеа барем да го ублажи поразот.
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс беше најефикасен во својот тим со 14 поени, а Кевариус Хејс постигна 12. Утре од 21 часот Париз ќе игра против домаќинот на турнирот Партизан, додека АЕК го заврши својот настап.


