Екипата на Вардар го привршува составувањето на тимот за претстојната сезона и денеска постигна договор со првото од двете најавени странски засилување.
Член на „црвено-црните“ е американскиот интернационалец Дешон Хемптон кој игра на позицијата, а во Македонија доаѓа од првенството на Луксембург. Минатата сезона, а и почетокот на оваа ја поминал во тимот на Ширен каде лани постигнувал по 12,4 поени со шут за тројка од 33%, додека на единствениот меч од новата натпреварувачка кампања забележал 20 поени и 16 скока.
Доаѓањето на Хемптон во Вардар се очекува претстојната недела и ќе има 20-тина дена да се вклопи во тимот, во пресрет на новата сезона која за тимот од Кале почнува со дуелот против Гостивар на домашен терен.


