Најтрофејниот македонски клуб Работнички ќе има исклучително тешка задача на своето враќање во АБА 2 лигата.
Тимот од Градски парк се најде во група со Војводина, Босна и Сутјеска, три екипи кои во новата сезона влегуваат со високи амбиции. Војводина е можеби најголем фаворит за првото место бидејќи во текот на летото значително се засили, Сутјеска на клупата го донесе поранешниот македонски селектор Драган Бајиќ, а Босна денеска покажа дека се наоѓа во добра форма на десетина пред стартот на сезоната.
На турнирот „Мирза Делибашиќ“ во Сараево, Босна го совлада новиот член на АБА лигата, Дубаи со 81-73. Најефикасен кај Босна на овој меч беше Ковачевиќ со 17 поени, Андервуд постигна 15, а Вест 11. Работнички игра со поранешниот европски шампион во третото коло, на 24 октомври, на домашен терен.
Останатите два учесника беа Клуж и Сасари кои се сретнаа во финалето, а составот на екипите доволно зборува за квалитетот на турнирот во престолнината на БиХ.


