Екипата на Париз минатиот викенд учествуваше на турнир во Белград и иако претрпе два пораза, покажа дека има квалитет за дебитантската сезона во Евролигата.
Дел од турнирот беше и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс, како и секогаш, еден од најдобрите во тимот на Париз. На сите им се добро познати квалитетите на Американецот со македонски пасош, но сега можеа да го видат и во малку поинакво и ретко видено издание.
Пред мечот со Партизан, додека се подготвуваа да излезат на теренот, играчите на Париз гласно се храбреа меѓу себе, а најеуфоричен, заедно со Тајсон Ворд, беше токму Шортс. Откако тотално се испразнија, двајцата излегоа и беа меѓу најдобрите во својата екипа.


