По пауза од една година, српскиот репрезентативец Бориша Симаниќ официјално се враќа на кошаркарските терени откако потпиша договор со шампионот на БиХ, Игокеа.
Симаниќ мораше да паузира од август минатата година кога во дуелот против Јужен Судан, во рамките на Светското првенство, доживеа тешка повреда на бубрегот кој подоцна мораше да му биде изваден затоа што беше загрозувачки за неговиот живот. По долгиот процес на заздравување, крилниот центар летово тренираше со Игокеа, одигра и еден подготвителен меч, а денеска стави потпис на договорот со клубот од Лакташи.
Во текот на својата кариера, Симаниќ играше и за Црвена Звезда, ФМП и мега, а последниот ангажман го имаше во шпанскиот прволигаш Сарагоса каде ја помина сезоната 2022/23.


