Саката околу Филаделфија 76 се чини дека е при крај откако градоначалничката Шерел Паркер објави дека градот постигнал договор за изградба на нова арена што беше основен услов за кошаркарската франшиза да не се пресели.
Менаџментот на Сиксерс сериозно ја разгледуваше можноста за преселба во Кемден, Њу Џерси затоа што сегашната арена Велс Фарго центар не ги задоволува потребите на екипата. Со години оваа франшиза работи на проектот за нова арена која треба да се гради во центарот на Филаделфија, но беше потребна помош и од градот.
„Мојата администрација постигна договор со Филаделфија 76 за изградба на нова арена и потребна е само формална дозвола од советот. Горда сум, ова е историски договор и најдобар финансиски договор кога било направен од еден градоначалник на Филаделфија за изградба на спортска арена“, објави Паркер на Твитер.
Филаделфија 76 игра во Велс Фарго Центар од 1996 година откако претходно, речиси три децении беше домаќин во арената Спектрум која повеќе не постои бидејќи беше срушена во 2011 година.


