Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Жоел Ембид потпишал нов договор со Филаделфија 76 кој ќе важи на уште три сезони.
Договорот ќе почне да важи од 2026 година и во следните три натпреварувачки кампања Камерунецот со американски пасош ќе заработи вкупно 193 милиони долари. Тоа е супермакс договор кој Ембид го заслужи со тоа што е седумкратен Ол стар, двократен најдобар стрелец и лани избран за МВП, а долго време е меѓу најдобрите во НБА. Овој договор ќе биде меѓу трите најбогати договори во лигата, а заедно со претстојните две сезони (24/25 и 25/26), Ембид ќе заработи вкупно 301 милион долари.
Ембид влезе во НБА во 2014 година кога Филаделфија го избра како трет пик на драфтот и целата досегашна кариера ја помина во тимот од Пенсилванија.


