Најдобриот македонски кошаркар во моментов Ненад Димитријевиќ денеска ќе го забележи дебито за Олимпија Милано на официјален натпревар.
Викендов во Болоња се игра италијанскиот Суперкуп што значи дека нашиот плејмејкер ќе има можност веднаш да се закити со трофеј. Денеска на програмата се полуфиналните натпревари, а своето деби Димитријевиќ ќе го има во дуелот со Венеција кој е закажан за 18 часот.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат домаќинот Виртус и Наполи. На последните три изданија од Суперкупот триумфираше Виртус, Олимпија Милано последен пат го освои трофејот во 2020 година, а интересно е тоа што најуспешен тим во ова натпреварување е Монтепаски Сиена со шест пехари (освои седум, но еден му беше одземен) иако овој клуб долго време не учествува во елитната конкуренција на италијанската кошарка.


