Најтрофејниот македонски клуб Работнички ја заврши серијата пријателски натпревари во пресрет на новата сезона.
Последен ривал на тимот од Градски парк беше Тиквеш кого попладнево во Кавадарци го совлада со 91-81. Работнички беше далеку подобар ривал, на периоди водеше и со повеќе од 20 разлика и заслужено дојде до победата при што најефикасен беше Јовичиќ со 20 поени.
Пред Работнички сега е првиот натпревар од новата сезона во АБА 2 лигата, против Сутјеска в четврток на домашен терен.


