Легендарниот шпански кошаркар Серхио Љуљ денеска постави нов рекорд на Реал Мадрид.
На натпреварот против Барселона во Суперкупот, тој стана прв кошаркар во историјата кој почнал или одиграл 19 сезони во дресот на „кралскиот клуб“, сметајќи ги сите секции на ова спортско друштво. Кога станува збор за кошаркарскиот тим, тој досега го делеше рекордот со Рафа Руљан кој играл за Реал од 1969 до 1987 година, а покрај него, по 18 сезони за овој клуб играле и фудбалерите Пако Хенто, Мигел Ангел и Маноло Санчис.
Љуљ е член на Реал од 2006 година кога дојде од Манреса и со мадридскиот гигант освои вкупно 28 трофеи, вклучувајќи три во Евролигата. Неодамна го продолжи договорот на уште една сезона и ако ја одигра, ќе стигне до јубилејни 20 во дресот на Реал, а во моментов е рекордер по бројот на одиграни натпревари, постигнати поени, реализирани тројки и асистенции.


