Македонскиот вицешампион Пелистер со пораз од домаќинот ги заврши подготовките на Златибор каде одигра два меча.
Денеска битолчани загубија од ривалот во АБА 2 лигата Златибор со 82-101 откако пред два дена го победија црногорскиот Приморје од Херцег Нови со 89-83. По денешниот меч, Пелистер се враќа дома и во својата сала ќе ги доврши подготовките за новата сезона.
За него таа почнува идниот викенд со дебитантскиот настап во Суперкупот на Македонија каде ривал ќе му биде актуелниот првак МЗТ Скопје.


