Морнар се соочува со огромни егзистенцијални проблеми и прашање е дали ќе ја издржи оваа сезона, а дека ќе биде исклучително тешко докажа и првиот натпревар од новата сезона во АБА 2 лигата.
Во некогашното црногорско дерби, Будуќност како гостин го совлада Морнар со 47 поени разлика (98-51) што е најтежок пораз за клубот од Бар на домашен терен во историјата на АБА лигата. Досегашниот рекорд го држеше Задар кој во март годинава славеше против Морнар со 36 разлика.
Почетокот на мечот не навести таков развој на настаните бидејќи Морнар беше конкурентен во првата четвртина и губеше со само 20-24. Будуќност се разигра во вториот период, направи серија од 13-0, на полувреме замина со 50-28 и потоа само го зголемуваше водството до рекордните +47.
Сите играчи на Будуќност се запишаа во листата на стрелците, а кај Морнар се истакна само Смит со 16 поени.


