Екипата на Партизан го победи европскиот шампион Панатинаикос со 75-64 во рамките на шестото издание од турнирот „Павлос Јанакопулос“ и ја расипа забавата во Атина на која присуствуваа околу 40 илјади навивачи на домашниот тим.
За „црно-белите“ ова беше последен подготвителен дуел пред стартот на новата сезона која за нив почнува на 25 септември со дуелот против Борац во АБА лигата. Панатинаикос беше ослабен со неиграњето на неколку важни кошаркари (Слукас, Браун и Лесор), но факт е дека играчите на Партизан воопшто не беа импресионирани од фантастичната атмосфера и го диктираа темпото речиси цел меч.
Најмногу што успеа Панатинаикос да направи е да се доближи на пет поени разлика во третата четвртина, но гостите беа подготвени за тоа и многу брзо ја вратија високата предност. Најголем проблем за Партизан беа слободните фрлања бидејќи играчите на Жељко Обрадовиќ промашија голем број на овој меч.
Повторно, како и на претходните подготвителни натпревари, може да се забележи дека кај Партизан владее колективот, па најефикасен беше Вашингтон со 13 поени, Дејвис постигна 12, а Тајрик Џонс 11. Нан го предводеше Панатинаикос со 16 поени.


