Новоформираниот Кошаркарски клуб Дубаи испиша историја откако денеска оствари победа на првиот официјален натпревар во своето постоење.
Во првото коло од регионалното натпреварување го совлада бранителот на титулата Црвена Звезда со 86-84. Триумфот на тимот од Обединетите Арапски Емирати е апсолутно заслужен ако се знае дека водеше речиси цел натпревар, со мали периоди на доминација на противничкиот тим.
По првата четвртина беше 28-16 за Дубаи, Звезда се врати и поведе со 34-33, но на голем одмор сепак домаќините отидоа со добра предност (50-41). Звезда го издржа у тој удар и во третиот период израмни на 63-63, но на стартот од последната четвртина беше исклучен Милош Теодосиќ што само ја отежна работата на актуелниот шампион во АБА лигата. Во драматичниот финиш подобро се снајде Дубаи и дојде до историската победа.
Мејсон со 18 поени беше најдобар стрелец кај Дубаи, Абас додаде 17, а Препелиќ 16. Калиниќ ја предводеше Црвена Звезда со 16 поени, но овој пораз доживеан уште во првото коло може да има големо влијание врз пласманот по основниот дел од сезоната.


