Екипата на Париз пропушти можност да направи предност пред Монако по првото коло од новата сезона во францускиот шампионат.
Монако пред два дена загуби од Сен Кентин, но истото вечерва му се случи и на Париз кој беше поразен на гостувањето кај Гравлен со 85-89. Драматичниот меч беше решен во последните минути откако претходно двете екипи неколку пати се сменија во водство. Париз последен пат беше во предност на околу три минути пред крајот кога водеа со 82-80, но во клучните моменти потклекна и не успеа да дојде до триумфот.
Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс беше најефикасен на натпреварот со 21 поен на што додаде 7 асистенции и 2 скока.


