Екипата на Феникс триумфираше на овогодишното издание, четврто по ред на турнирот „Драган Василов – Цевка“, на кој учествуваа кошаркари родени 2012 година и помлади.
Во конкуренција на четири екипи, Феникс триумфираше со две победи откако во полуфиналето беше подобар од МЗТ Скопје со 36-31, а во финалниот меч го совлада МВП со 54-37. Третото место му припадна на Вардар кој во „малото финале“ триумфираше против МЗТ Скопје со 36-34.
Куриозитет е тоа што дел од победничката екипа беше Калин Василов, внук на Драган Василов – Цевка.


