Денвер Нагетс вчера имаше ден со медиумите пред стартот на подготовките за новата сезона, а секако најинтересен лик беше Никола Јокиќ.
Српскиот ас имаше интересно лето во кое настапи на Олимписките игри во Париз и со својата репрезентација го освои бронзениот медал. Затоа и едно од прашањата од новинарите беше дали му е подраг тој успех или титулата во НБА што лани ја освои со Денвер. Неговиот одговор беше дипломатски.
„Чувството е слично, но различно е поради тоа што првпат освоивме нешто за Денвер Нагетс и за себе. Од друга страна, играњето за репрезентацијата носи единствени емоции, играв со другите со кои пораснав, кои ги знам од 13-14-15 години. Сега се боревме за репрезентацијата против најдобрите на светот. Слично, е но сепак се разликува.
На Олимписките игри направивме најголем пресврт во историјата, против Австралија, одигравме одличен натпревар против САД и имавме прекрасна прослава. Ќе го памтам времето поминато со пријателите“, рече Јокиќ.
Интересно е тоа што успехот во Париз не беше најголем за него во репрезентативниот дрес бидејќи веќе има сребро од Олимписките игри во Рио де Жанеиро пред осум години.а


