Пред крајот на ноември, македонската репрезентација ги продолжува квалификациите за Европското првенство во 2025 година со два дуела против Литванија, по еден на домашен и гостински терен.
Поранешниот европски шампион ќе гостува на 21 ноември, а натпреварот ќе се игра во „Кале“ и покрај тоа што примарна желба на раководството на Кошаркарската федерација на Македонија била да се игра во реновираната сала во Куманово која наскоро треба да се отвори.
„Желбата на сите ни беше новата сала во Куманово да ја отвориме со дуелот против Куманово. Освен што ќе биде реновирана, таа собира над 5.000 гледачи и атмосферата ќе беше прекрасна, но и покрај големите напори на тамошниот градоначалник, нема целосно да бидат исполнети критериумите. Главен проблем е греењето бидејќи нема да биде навреме поставено, па требаше да се грееме на тајфуни што немаше да биде сериозно.
Намерата ни беше репрезентацијата да игра низ сите градови, бевме во Гевгелија, сега Куманово и понатаму низ другите места, но ете не можевме. Поради тоа ќе играме во ‘Кале’, испративме допис до СЦ ‘Борис Трајковски’, но не добивме одговор, а вчера моравме да пријавиме сала во ФИБА“, откри Антиќ.
Реваншот против Литванија се игра три дена подоцна, а од исходот на тие два меча ќе зависат многу работи околу нашиот евентуален пласман на Европското првенство.


