Хрватскиот репрезентативец во тимот на Реал, Марио Хезоња ќе биде отсутен извесен период поради мистериозна болест, откри тренерот на мадридскиот гигант Чус Матео.
Искусниот крилен не играше во финалето од Суперкупот на Шпанија, против Уникаха, а нема да биде во комбинација ни за утрешниот меч против Коруња, во првото коло од домашното првенство.
„Поради болеста загуби седум килограми и сега мора да ги врати. Иззвесен период повраќа, има дијареа и висока температура. Се трудиме да работиме со него за да се врати во добра кондиција“, рече Матео.
Почнувајќи од претстојната недела на Реал му претстои напорен распоред бидејќи стартува Евролигата каде во првото коло игра со Баерн.


