Македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс на фантастичен начин го најави дебито во Евролигата откако во последниот меч пред дуелот со Црвена Звезда оствари дабл дабл за својот тим Париз.
Вицешампионот на Франција ја оствари првата победа во домашното првенство оваа сезона, совладувајќи го Шалон со 102-87 како гостин. Шортс учествуваше во триумфот со 23 поени и 10 скока, со одличен шут од игра (8/10). Играчите на Париз беа во одлична шутерска форма и погодија 14 тројки од 30 обиди.
Своето деби во Евролигата, Париз ќе го забележи в петок на домашен терен против АБА шампионот Црвена Звезда.


