Панатинаикос и Олимпијакос се борат за трофејот во Суперкупот на Грција, но нивниот дуел е прекинат по само четири минути игра, при водство на тимот од Пиреја со 12-6.
Причина за прекинот е забивањето на Мозес Рајт при што беше оштетен дел од обрачот и таблата и мораа да бидат санирани. Прекинот траеше околу половина час по што играта продолжи.

Суперкупот на Грција се игра на островот Родос,, а титулата ја брани екипата на Олимпијакос.


