Многу потешко од очекувањата, екипата на Партизан дојде до втората победа во АБА лигата откако вечерва славеше на гостувањето кај дебитантот Спартак со 89-80.
„Црно-белите“ го решија прашањето околу победникот дури во последната четвртина во која се влезе со нерешен резултат, а претходно домашниот тим во два наврата имаше предност и од девет поени разлика. Одлучија трите тројки на Исак Бонга во последната четвртина со кои Партизан во финишот успеа да се одлепи и на +11.
Партизан сега има 2/0, колку што имаат и Будуќност, Мега, Дубаи и Игокеа, а може да им се придружи и Студентски Центар ако во вторник ја победи Цибона.


